10.8 C
Скопје
12:00 - 30 март, 2026

Микаела Шифрин е недостижна – го симна од врвот и легендарниот Стенмарк

Американката Микаела Шифрин победи во слаломот во шведскиот Оре и така го надмина апсолутниот рекорд на легендарниот Ингемар Стенмарк. Шифрин го собори апсолутниот рекорд според победи во Светскиот куп откако триумфираше на слаломот во шведскиот зимски центар.

Така Шифрин ја забележа 87. победа во  кариерата со што ја прави најуспешната во историјата во двете конкуренции – женска и машка.

Таа беше најдобра во првото возење, а доминацијата ја потврди во втората и на крајот со 92 стотинки предност дојде до победата (1:41.77). Втора заврши Венди Холденер, а трета Ана Свен Ларсон.

Претходно таа го осигура малиот кристален глобус во слаломот што и е седми во кариерата, а исто така го освои и големиот кристален глобус кој и е петти во кариерата.

По бројот на победи и во машка и женска конкуренција, Шифрин е прва со 87, Стенмарк има 86, следува Линдзи Вон со 82 победи, а четврти е Австриецот Марсел Хиршер со 67 победи.

Слични објави

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо
Се вчитува....