16:13 - 10 ноември, 2026

(Видео) Милош Биковиќ игра во првиот филм снимен во вселената, приказната е неверојатна

Српскиот актер Милош Биковиќ игра во првиот фил снимен во вселената. Станува збор за рускиот филм „Предизвик“ кој се снимал во текот на 2021 година, а недодамна излезе и трејлерот за филмско остварување.

Во филмот, докторката хирург Жења, која ја игра Јулија Пересилд, треба да му направи операција на срце на космонаут во вселената бидејќи тој не може да се врати на Земјата. Пациентот го игра Олег Новитски, кој е космонаут и во вистинскиот живот.

Филмот е во продукција на студиото „Јелоу, блек енд вајт“ и телевизиската станица „Канал 1 Русија“, во соработка со руската вселенска агенција „Роскосмос“. Филмот има цел да ги промовира вселенските активности на Русија, како и космонаутската професија.

Актерите и режисерот Клим Шипенко патувале до Меѓународната вселенска станица во октомври 2021 и го снимале филмот во период од 12 дена. Премиерата  се очекува да биде на 12 април.

Слични објави

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.
Се вчитува....