Младата пејачка Наташа Алимпиќ (29) во поткастот „Право лице на естрадата“ изнесе шокантни детали за својот однос со 46 години постариот колега Харис Џиновиќ, тврдејќи дека пејачот ѝ ветувал деловна поддршка и кариерен напредок, а потоа одеднаш ја прекинал комуникацијата и во медиумите изјавил дека воопшто не ја познава.
За да ги поткрепи своите зборови, таа пред камерите јавно покажа пораки, во кои единствено се гледа дека комуницираат преку гласовни пораки и повици, опишувајќи го нивниот однос како „малку подлабоко познанство“:
„Тој прв ми пријде кога пеевме заедно една вечер, ме прегрна околу половината и подоцна побара мој број. Ми кажа дека ништо да не јадам бидејќи ме чека на вечера во еден ресторан. толку се брзав за да не задоцнам што дури доживеав и сообраќајна несреќа кога ме удри полициски автомобил, но сепак веднаш отидов кај него“.
Алимпиќ откри дека истата вечер Харис ѝ ветил дека ќе ѝ помогне во кариерата бидејќи „заслужува многу“. Сепак, сите ветувања набрзо паднале во вода кога таа ја посетила неговата куќа:
„Ми вети дека ќе организира вечера во својот дом, дека ќе покани медиуми и свои пријатели за да ме претстави. Кога стигнав таму, немаше никој. Сè ме излажа, тоа беше само бајка, иако меѓу нас интимно ништо не се случи. Мислеше дека сум глупава, но кога виде дека веднаш не истрчав во медиумите, едноставно исчезна“.
