5.8 C
Скопје
21:04 - 10 март, 2026

Ми беа како мајки: Калиопи искрено за свекрвите и за односот со мајка ѝ

Калиопи откри каков однос имала со нејзините свекрви, мајките на поранешните сопрузи Ромео Грил и Васил Зафирчев.

-Имав прекрасен однос. Моите свекрви биле мои мајки, и свекрите. Секогаш сум имала прекрасен однос со тие и до ден-денес трае –  рече Калиопи во емисијата „Нешто конкретно“.

Потоа ја спомена и нејзината мајка Марија, која била многу добар педагог, а никогаш не ѝ предавала. Рече дека со мајка ѝ е многу блиска, и може да зборува искрено, но е критички настроена. „Секогаш сум јас кривата во приказната“, рече Калиопи, а потоа зборуваше за предрасудите.

Калиопи со сестра ѝ Корнелија и со мајка ѝ Марија (Фото: Инстаграм)

-Во мојот свет во кој јас живеам, сметам дека не постои ништо полошо од предрасуди. А, денеска многу брзо живееме, немаме многу време за размислување и емпатија и прво нешто што ни паѓа на памет е осудата.

Во нечии очи ме осудувале за многу работи.Но, тоа биле луѓе кои не ме познавале. Како научив да простувам во животот? Со тоа што јас ги разбирав луѓето зошто ме повредуваат.

И секогаш се прашував, зошто се тие толку несреќни кога си дозволиле еден таков чекор, на некој кој не го знаат да му судат и да постапуваат или да размислуваат лошо.

Сум се заштитила најверојатно интуитивно и несвесно. Во оној момент кога ти ги гледаш слабостите на луѓето и нивните неможности тогаш велиш: „Не можам да се налутам на ова“, рече Калиопи.  

Слични објави

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо
Се вчитува....