3.8 C
Скопје
22:56 - 11 март, 2026

Метју Пери откри дека во минатото се плашел да се вљуби: „Неколкупати „се изгорев“ со жени кои само сакаа пари “

53-годишниот актер Метју Пери, најпознат по улогата на саркастичниот Чендлер во хит-серијата „Пријатели“, неодамна откри дека во минатото се „изгорел“ со неколку жени кои ги сакале само неговите пари.

Пери целосно се отвори за својата потрага по љубов и борбата со зависноста пред да бидат објавени неговите мемоари „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“.

– Од тоа се плашев. Тоа е она што јас го манифестирам, нешто што не е во ред со нив. И тогаш раскинувам со нив. Но, не може да биде лошо со сите. Јас сум заедничкиот именител. Прв заминував затоа што мислев дека ќе ме уништат – изјави тој за People.

Холивудскиот актер изјави дека сега бара партнерка која има сопствено богатство, што за него е „прилично клучна компонента“.

– Неколкупати „се изгорев“ со жени кои само сакаа пари не грижејќи се за мене. Тоа се случува почесто отколку што мислите – призна тој.

Пери бара и жена која „има смисла за хумор, која е грижлива и убава одвнатре и однадвор“.

– Следната личност што навистина ја сфаќам сериозно е некоја во која ќе бидам вљубен и нема да се плашам од работите што ме плашеа претходно – рече тој.

Тој, исто така, откри дека неговата борба со зависноста станала толку тешка што „речиси умрел“, но сега е уверен во својата трезвеност.

-Веќе не се плашам од љубов, па нека внимава следната девојка со која ќе излезам – се пошегува тој, додавајќи дека мисли дека би бил „одличен татко“.

– Навистина сакам деца – призна тој, присетувајќи се како пораснал со многу мали деца околу него, па веројатно затоа.

Актерот беше накратко свршен со книжевната менаџерка Моли Хурвиц, но раскинаа во јуни 2021 година. Претходно се забавуваше со Џулија Робертс, Рејчел Дан, Нев Кембел и Лизи Каплан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....