22.8 C
Скопје
16:13 - 2 мај, 2024

Мелина Џиновиќ призна пред разводот: „Бев повеќе од принцеза, Харис премногу ми угодуваше…“

Пејачот Харис Џиновиќ и официјално се разведе од Мелина, и оттогаш во медиумите излегуваат валкани алишта од нивната врска.

Заедно поминаа 22 години и од бракот добија две деца – ќерката Џина и синот Кан, кои останаа во семејната вила во Сењак со татко им, додека Мелина ненадејно се исели од куќата.

Во својата исповед за емисијата „Сцена“ емитувана на српската Блиц телевизија, Харис рече дека сфатил дека Мелина е со него само поради парите, и дека не штедел кога станува збор за неа. Исто така, откри дека таа го земала целиот накит од вилата откако ја напуштила, а и купиштата  брендирани чанти вредни неколку десетици илјади евра.

Сепак, тој истакна дека материјалното е најмалку важно од се. Џиновиќ објасни дека ѝ купивал скапи работи на сега поранешната сопруга, но таа никогаш не платила ни едно кафе.

Како што рече, сфатил дека неговата поранешна сопруга е голема материјалистка, а тоа Мелина го потврди пред една година, непосредно пред разводот, во поткаст на Гоца Тржан.

Имено, таа се присетила на една сцена кога го чекала своето прво дете со Џиновиќ и признала дека целта и била да се омажи за да не мора да прави ништо во животот.

– Бев бремена и една жена која штотуку ја запознав ме праша: „Добро, што ќе правиш сега кога ќе се породиш?“, а јас реков: „Па, не се омажив за да работам“. Стоев зад тоа дека мојот животен план е да бидам мајка, домаќинка, да го придружувам сопругот… – изјавила Мелина, но додала дека Харис сакал да ѝ даде многу повеќе од тоа, и дека таа треба да започне некој свој бизнис и да има своја професија.

– Но, едноставно не знаев дека мојот сопруг не планираше да бидам мајка што седи дома и да го придружувам. И за тоа сум му бескрајно благодарна. Тоа е толку ретко за маж, особено за успешен човек. Затоа што кога почнав да работам повеќе немав можност да бидам толку посветена на него. Многу е тешко да се оттргнеш од себе и да кажеш: „Оди биди личност, оди реализирај се, оди научи…“.

Како што раскажал Харис, својот живот и го потчинал и ѝ дозволил се, што сега го смета за негова вина. Мелина тогаш рекла и дека сега поранешниот сопруг ја задоволувал со се.

-Тој изгледа толку строго, па покрај него изгледам толку понежно, понежно и послатко и тогаш луѓето велат: „А, кутрата таа со него“. А нему всушност се му зависи исклучиво од моето расположение и затоа се ми дозволува. Јас сум тука, ма каква принцеза, многу повеќе од тоа. Дури мислам дека ми дозволи премногу. Одамна му реков: „Да бев на твое место, никогаш не би ти го дозволила сето ова“, но тој сака да угодува – изјави модната дизајнерка минатата година во „Гоца шоу“.

Харис Џиновиќ проговори за интимните односи со Мелина: „Дојди во соба…“

Слични објави

(Видео) Горан Бреговиќ ја отсвири песната на Сандра Африка на гитара и ги остави сите зачудени: „Неко че ми ночас направити сина“

Еспресо

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Еспресо

(Видео) Деми Мур ја покажа завидната фигура: Рамен стомак и минијатурно бикини

еспресо

Астропрогноза за четврток, 2 мај: За Водолиите промена на имиџот, за Вагите комуникација

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо
Се вчитува....