12.8 C
Скопје
17:30 - 3 април, 2026

Меган призна дека ѝ била љубоморна на Парис Хилтон: „Не бев убава како неа, бев паметна“

Меган Маркл призна дека порано ја осудувала познатата наследничка Парис Хилтон зашто, како што вели, пораснала во убава жена.

Војвотката од Сасекс разговараше со Хилтон во овонеделната епизода од нејзиниот поткаст „Archetypes“, но за „Variety“ призна дека порано имала негативно мислење за неа.

-Се срамев да признаам, но ја осудував поради она што го гледав, инаку не сакам да ги осудувам другите, изјави Меган.

-Јас не пораснав во убавица, туку во паметна жена. Многу од она што го мислев за Парис беше поврзано со завист и осудување, а тоа се двете најопасни работи, објасни таа.

-Но, тогаш слушате за нејзините трауми и нејзиниот живот, додаде таа, инсистирајќи дека нејзиното појавување во поткастот „Archetypes“ требало да биде нејзино „хуманизирање“, а не нејзина „одбрана“.

-Не ме интересира какви се околностите – ако 16-годишно момче, девојка или жена на работното место се чувствуваат објективизирано или дехуманизирано затоа што нивниот карактер е погрешно претставен, се надевам дека секој што слуша со отворен ум ќе помисли: „Дали имам предвид дека се работи за човечко суштество?“, објасни таа.

Хилтон се трансформираше од популарна ријалити ѕвезда во жена која се залага за промени во врска со сексуалното злоставување, со што и самата наводно се соочила во училиштето „Прово Кањон“ во Јута кога била тинејџерка.

Слични објави

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Раскинаа ли Јована Јеремиќ и Тигар? Водителката се огласи додека тој ужива во Грција: „Избери маж кој не бега кога е тешко, туку останува“

Еспресо

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.
Се вчитува....