3.8 C
Скопје
22:40 - 11 март, 2026

„Меган Маркл знаеше во што влегува кога се омажи за принцот Хари“: Еве го мислењето на глумецот Брајан Кокс

Ѕвездата на „Succession“ во интервју за „Haute Living New York“, објавено во средата, тврди дека Маркл „очигледно“ имала „амбиции“ да му се придружи на кралското семејство пред да се венча во 2018 година.

Актерот тврди дека Маркл имала „соништа од детството да се омажи за принцот“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Page Six (@pagesix)

„Според мое мислење, не треба да имаме монархија“, рече Кокс. „Не е остварливо; нема никаква смисла.”

Добитникот на Златен глобус ги бранеше Маркл и Хари во минатото, велејќи им на гледачите на „Добро утро Британија“ во декември 2022 година дека претрпеле „нешто очигледно трауматично“ пред да се повлечат.

Неговите изјави влегоа веднаш во документарната серија „Хари и Меган“ што се емитуваше на Нетфликс. Во документарецот под режисерска палка на Лиз Гарбус, Маркл и Хари зборуваа за она што го доживеале „зад затворените врати“ пред да се преселат во Соединетите држави.

Додека дуото допрва треба да се изјасни дали ќе ја прифати поканата на 74-годишниот крал да присуствуваат на церемонијата на крунисување, палатата наводно „се подготвува“ за нивното присуство.

„Што и да се случи, Хари и Меган секогаш ќе бидат оние од насловните страници“, изјави инсајдер од палатата за „Пејџ сикс“.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....