6.8 C
Скопје
06:40 - 21 февруари, 2026

Марлон Брандо преку писмо раскинал љубовна врска, а еве што ѝ напишал на девојката

„Ти го пишувам ова писмо за да објаснам дека поради мојот ексцентричен и избувлив темперамент, не сакам да ги понижувам и повредувам твоите чувства со тоа што ќе те гледам само кога ми одговара според расположението“.

Овие неколку реченици се дел од писмо кое сега се најде на аукција, а кое легендарниот актер  Марлон Брандо го напишал на една девојка со која имал љубовна врска, а со која како што се гледа од писмото ја раскинал.

Писмото со кое Брандо ја прекинал врската со Французинка кон крајот на 1940-тите може да биде продадено на аукција за 15.000 долари, пишува „Си-ен-ен“.

Писмото е адресирано до Соланж Подел, со која Брандо имал врска додека работел на Бродвеј. Според описот на „RR Auction“, Брандо и Подел се запознале во 1947 година за време на подготовката на претставата „Трамвајот наречен желба“. Бостонската „RR Auction“ го продава писмото преку Интернет, а аукцијата завршува на 9 февруари.

 

 

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....