02:28 - 7 ноември, 2026

(Фото) „Сан Ремо“ е подготвен за спектакл – групата „Манескин“ ќе има свое изненадување

Престижниот италијански фестивал Сан Ремо кој годинава се одржува по  73 пат ќе се одржи од 7 до 11 февруари во театарот „Аристон“.

Водител, како во претходните години ќе биде популарниот Амедео Умберто Рита Себастиани, а ќе го придружува и пејачот и актер Џани Моранди.

Групата „Манескин“, која победи на фестивалот „Санремо“ во 2021 година со песната „Zitti e buoni“, беше и претставник на Италија на Евровизија и и донесе победа на земјата. Годинава „Манескин“ ќе гостува на фестивалот каде што на своите обожователи ќе им подари изненадување – ќе претстави дел од песните од новиот албум.

Во сабота кога ќе се одржи и финалната вечер се очекува да се обрати и украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видео врска. Зеленски изразил желба да пренесе порака за мир, а кога оваа вест се појави во италијанските медиуми предизвика многу реакции затоа што многу познати јавни личности во Италија јавно го искажаа својот став дека не се согласуваат во ова познато музичко шоу да се меша војната и политиката.

Сепак, организаторите на крај решија да му дадат простор и на Зеленски да ги испрати своите пораки до светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Måneskin (@maneskinofficial)

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....