08:50 - 2 ноември, 2026

Марко Миљковиќ го обновува имотот на село: „Една куќа реновираме, друга рушиме“

Познатиот пар Марко Миљковиќ и Луна Ѓогани започнаа со обнова на неговиот семеен имот во Брус, каде што планираат да уживаат со своите ќерки. Марко на својот Јутјуб канал откри дека долго време сакал да го обнови имотот, каде што живееле неколку генерации на неговото семејство, но порано татко му не му дозволувал никакви вложувања.

„Имотот е голем,Помеѓу двете куќи што се наоѓаат таму, едната бара комплетно реновирање, додека другата, која служеше како помошен објект, е целосно урната и во катастрофална состојба, па затоа решивме да ја срушиме“, објасни Миљковиќ.

Градежните машини се веќе на терен и работите се започнати, а обожавателите на социјалните мрежи упатија бројни пофалби за неговата одлука да инвестира во зачувување на семејното наследство.

Анабела ги демантира гласините за развод

Покрај веста за имотот, во медиумите се појавија и шпекулации дека Марко и Луна се разведуваат бидејќи помалку се појавуваат заедно на социјалните мрежи. Мајката на Луна, пејачката Анабела Атијас, веднаш ги демантираше овие тврдења:

„Мислам дека луѓето едноставно се навикнати тие да се појавуваат секој ден на интернет. Луна е таква, некогаш едноставно нема желба да го земе телефонот и да се снима, особено ако е настината или ако детето ѝ е болно“, појасни Анабела.

Слични објави

Дневен хороскоп за 2 ноември: Биковите ги очекува пријатно изненадување, а Скорпиите ќе донесат важна одлука

К.С.

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.
Се вчитува....