7.8 C
Скопје
22:40 - 29 март, 2026

Марк Волберг со сопругата и четирите деца се исели од Холивуд: Сакаме да им дадеме на децата подобар живот

Се чини дека Холивуд веќе не е пожелно место за создавање семејство, па Марк Волберг и неговата сопруга Реа Дурам, поранешна манекенка, се преселиле во Невада. Тие заклучиле дека нивните четири деца ќе имаат поисполнето детство и ќе пораснат во подобри луѓе доколку не бидат во престолнината на филмската индустрија.

„Животот во Невада има многу повеќе смисла за нас, сакаме да им дадеме на децата подобар живот“, рече тој во шоуто The Talk. Освен што нивниот живот таму е помирен и помалку стресен, актерот се обидува да надомести се што пропуштил додека ги одгледувал ќерките Ела и Грејс и синовите Брендан и Мајкл. Тој е грижлив татко и трпеливо ги поднесува нивните задевања поради еден негов старомоден „грев“, откри Волберг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mark Wahlberg (@markwahlberg)

На почетокот на кариерата, актерот го започнал својот бренд на облека Marky Mark, а паралелно со обидите да се докаже како актер во 90-тите, рапуваше во бендот Funky Bunch. Неговите деца, сега веќе тинејџери, некако го прифатиле фактот дека тој бил просечен рапер, но неговиот моден бренд со како што велат смешно име (Марки Марк беше неговиот рапер алијас) никако не можеле да го прифатат.

Му велеле дека се срамат поради неговата модна катастрофа бидејќи ретко кој сакал да ја носи таа облека, па линијата пропаднала. Актерот извлекол поука од таа деловна грешка и го започнал брендот облека за вежбање и активности на отворено Municipal. Тоа бил целосен бизнис погодок, толку успешен што Волберг има намера да изгради нов објект за изработка на неговите артикли во Невада, пренесува Fox News.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mark Wahlberg (@markwahlberg)

А и децата веќе не го задеваат, открива Волберг. Во последните месеци неговата деветнаесетгодишна ќерка Ела често носела винтиџ маица со натпис: „Marky Mark and the Funky Bunch“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mark Wahlberg (@markwahlberg)

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....