10.8 C
Скопје
01:38 - 4 април, 2026

Марина Абрамовиќ доби покана од Зеленски да биде амбасадор на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја покани најпознатата уметница од областа на перформансот во светски рамки Марина Абрамовиќ да биде амбасадор на Украина.

Седумдесет и шест годишната српска уметница, која е жесток критичар на Путин, изјави дека украинскиот претседател побарал од неа помош при обнова на училиштата, пренесува британски Телеграф.

Таа моментално ја одржува својата прва самостојна изложба во Велика Британија и е првата уметница која имала голема изложба во главните галерии на Кралската академија на уметностите во Лондон.

„Бев првиот уметник кој ја поддржа украинската војна против Русија и го даде својот глас. Тоа е дефинитивно повторување на историјата“, истакна Абрамовиќ во интервју за Музејот на модерна уметност во Шангај.

„Зеленски ме покани да бидам амбасадор на Украина, да им помогнам на децата во обновувањето на училиштата“, додаде Абрамовиќ.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....