10:33 - 2 април, 2026

Пропаднаa плановите на најубавата жена на светот – Марго Роби нема да ја гледаме во „Пиратите од Карибите“

Маргот Роби потврди дека плановите за женската верзија на „Пиратите од Карибите“во која таа требаше да ја игра главната улога се откажани од Дизни.

Ѕвездата на „Suicide Squad“ ја откри веста во интервју за Vanity Fair.“

„Имавме идеја и ја развивавме извесно време, пред многу години, да имаме повеќе жени и поинаков вид на приказна за која мислевме дека ќе биде навистина кул, но претпоставувам дека тие не сакаат да го направат тоа“, изјави Марго.

Името на Роби се појави во франшизата од 2020 година, кога беа објавени плановите да ја има оваа ѕзвезда во спин-оф предводен од жени.

Филмот не беше ниту единствениот планиран додаток на франшизата Pirates, бидејќи гласините за рестартирање кружеа од 2018 година.

Како и спин-офот на Роби, иднината на проектот е неизвесна бидејќи се соочи со повеќе неуспеси, вклучително и заминувањето на писателите од филмот Рет Рис и Пол Верник.

Инаку, оваа година беше многу напорна за Роби, која беше зафатена со снимањето на претстојниот филм за Барби на Грета Гервиг заедно со Рајан Гослинг, Ема Меки и Нкути Гатва.

Актерката исто така треба да глуми во холивудскиот филм „Вавилон“ од 1920-тите, заедно со Тоби Мегваер од Спајдермен и Бред Пит од „Беше еднаш во Холивуд“. Двата филма треба да бидат прикажани во 2023 година.

 

Слични објави

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо
Се вчитува....