23:33 - 31 јули, 2026

Макрон, Шолц и Драги денеска во Киев ќе бараат решение за војната

Драги, Шолц и Макрон денеска ќе бидат во Киев за да се сретнат со Зеленски. Мисијата има цел да ја потврди поддршката за Украина, но и да се испрати порака до Путин и Бајден за европското единство.

Утрово во Киев се очекуваат лидерите на трите големи земји на Европската унија, Германија, Франција и Италија. Патувањето, кое не беше најавено од безбедносни причини, доаѓа еден ден пред Европската комисија да издаде препорака за статусот на Украина како кандидат за ЕУ, нешто за што многу европски земји покажаа мал интерес. Првата цел на посетата е токму оваа: да се покаже поддршка за Украина и да се обидат да се надминат критиките упатени од украинскиот претседател Володимир Зеленски за Европа за ограничениот и бавен одговор во испораката на оружје.

Макрон, во средата, рече „Ние сме во момент кога треба да испратиме јасни политички сигнали, ние Европејците, до Украина и нејзиниот народ кој херојски пружа отпор“, без да наведе детали дали тоа се однесува и за препораката за влез во ЕУ.

Киев пак, ги критикуваше Франција, Германија и, во помала мера, Италија, дека го ставаат сопствениот просперитет пред слободата и безбедноста на Украина. Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател, оваа недела изјави за германскиот весник „Билд“ дека се плаши дека тројцата лидери ќе извршат притисок врз Киев да прифати мировен договор во корист на рускиот претседател Владимир Путин. „Тие ќе речат дека мораме да ставиме крај на војната што предизвикува проблеми со храната и економски проблеми…“,  мислејќи на коментарите на Макрон дека не смее да се понижува рускиот лидер.

Втората цел на посетата на тројцата европски лидери во Лиев е токму рускиот претседател до кого мора да стигне јасна порака: единството на Европската унија не е доведено во прашање, дури и со сите различни нијанси кои произлегуваат од националните интереси кои не секогаш се совпаѓаат. Накратко, Кремљ нема да може да ја подели Европа, ниту со намалување на испораките на гас со уште поголемо зголемување на цената на енергијата.

Италијанскиот претседател пак, постојано инсистира  да се изврши притисок врз Путин да се врати на преговарачката маса, почнувајќи со дијалог за прашањето за храната, и да се ослободи патот за извоз на житото.

Според Макрон, „украинскиот претседател и неговите функционери ќе мора во одреден момент да преговараат со Русија“. Позицијата на Германија, исто така, со недели е помлака кон Украина, а тоа пак предизвика прилично голема иритација во Киев.

Третата цел е, со посетата на лидерите на Италија, Франција и Германија, тие сакаат да им покажат на своите сојузници, САД пред сè, дека Унијата има своја стратешка автономија и дека се подготвени да ја водат Европа кон уште поголема интеграција, а украинската криза придонесе за уште поголемо зближување меѓу земјите на Унијата.

Слични објави

(Фото) Новата снаа на Лепа Брена ги покажа заносните облини – меѓу градите крие тетоважа

Еспресо

Дарко Лазиќ демантира дека бил исфрлен од клуб: „Пеев час и половина, а не ми платија“

Еспресо

Теодора Џехверовиќ отворено за конфликтот со колешката Ема Радујко: „Не толерирам непочитување“

Еспресо

Дара Бубамара полека го воведува партнерот во светот на естрадата

Еспресо

(Фото) Прва фотографија од Дea Ѓурѓевиќ од породилиштето: Водителката блеска само два часа по породувањето

Еспресо

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо
Се вчитува....