5.8 C
Скопје
01:39 - 1 април, 2026

Македонско девојче кое нè разнежни со својот став: „Останувам да се борам во и за Македонија!“

Младата Македонка Бојана Миленковска, со економски факултет, иднината си ја гледа во својата земја, а не надвор од неа, како што е случај со бројни млади умови кои се исселуваат барајќи го своето место под сонцето надвор од земјата, инаку, позната по сончевината.

Ни се допаднаа размислувањата на Бојана и ви ги пренесуваме во целост како што самата ги објави на својата Фејсбук страница.

„Животот е како математичка задача, колку потешка, толку повпечатлива!

Така е и со нашиот живот секогаш треба да се потрудиме за она што го сакаме, за тоа што вреди треба поголем труд. Поради таа причина јас си ја сакам мојата Македонија и како иден сметководител и ревизор, тука ја гледам мојата иднина!

Замислував дека треба да живеам надвор од мојата држава, патот ме однесе во Малта, па преку Хрватска до Германија! Сите земји имаат своја убавина, но ниту една не е како својата татковина!
Еден ден се запрашав себеси, зошто сакам да се докажувам и покажувам во туѓа држава и да напредувам во неа кога можам истото да го постигнам и во својата, каде би можела многу повеќе да посветам внимание и време за напредок и усовршување на мојата кариера.

Зошто ние младите мислиме ако искочиме од нашата држава дека ќе ни биде многу поубаво, кога тука е најубаво, свои на своето!

Што ќе остане од нашата Македонија, ако сите заминеме од неа?

Да, може ќе стекнам нови пријатели во странство, но не и ново семејство!

Сакам да оставам една порака до сите нас младите, дека тоа што го сакаме не е далеку, туку е токму до нас, не треба да ги бараме далеку нашите цели, треба само да се потрудиме да ги оствариме на вистинското место во нашата Македонија до нашите блиски“, пишува Бојана.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....