7.8 C
Скопје
10:59 - 1 април, 2026

Мајтапи на сметка на новото име на синот на Кајли Џенер: Еве што значи на арапски

кајли џенер тревис скот

Корисниците на социјалните мрежи ги критикуваа Кајли Џенер и Тревис Скот за името што го избраа за нивниот 11-месечен син, пренесува Дејли меил.

Пред некој ден, 26-годишната Кајли Џенер им соопшти на фановите дека сега нејзиниот 11-месечен син не се вика Волф, туку Аир.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aire Webster (@airewebsterrrr)

По објавата на манекенката, некои корисници на социјалните мрежи изразија уверување дека Кајли и Тревис ќе мора повторно да го сменат името на нивниот син, бидејќи Aire на арапски значи „пенис“.

„Некој треба да ѝ каже на Кајли Џенер дека го преименувала својот син Аир, во „мојот пенис“ на арапски, или не? Во секој случај, се сомневам дека многумина го забележале тоа. На крајот на краиштата, арапскиот јазик го зборуваат само околу 415 милиони луѓе“, напиша новинарката Антоанета Латуф на Твитер.

Во коментарите на твитот на новинарката започна жестока дискусија. „Извини, но ова е многу смешно“, „Кутрото дете повторно ќе се преименува“, „Кајли, што направи“, „Детето се ребрендира бидејќи првото име не се бараше на пазарот“, „Јас сум сигурен дека го избрале ова име за да привлечат внимание“.

Кајли Џенер роди син со Тревис Скот во февруари 2022 година. Отпрвин, момчето го добило името Волф, но по некое време родителите се премислиле, одлучувајќи дека избраното име не му одговара на нивното дете.

Слични објави

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....