9.8 C
Скопје
10:42 - 11 март, 2026

Мајката на Теодора Џехверовиќ пресреќна, ќерка ѝ ќе се мажи: Свадба осмислена во шума

Популарната пејачка Теодора Џехверовиќ вчера на свадбата на нејзината долгогодишна менаџерка и пријателка Сандра го фати бидермаерот, што е сигурен знак дека таа е следната невеста. Како што почнаа шпекулациите, Теодора Џехверовиќ навистина ќе се мажи.

На овој бидермаер му се израдува и Гоца Џехверовиќ, која долго време посакува да ја види својата ќерка во среќен брак. Таа однапред се согласува со желбата на Теодора да се омажи во шума, иако таа идеја воопшто не ѝ се допаѓаше.

Инстаграм

Инаку, Теодора по неколку емотивни неуспеси конечно е со маж кој во се и одговара. Имено, по раскинувањето на двегодишната врска со Нино Челебиќ, таа веќе некое време ужива во љубовта со кошаркарот Матео Ребек и често може да се види на кошаркарските трибини како го бодри додека тој игра натпревар.

инстаграм

Сепак, момчето на Теодора поради обврски вчера не беше на свадба со својата сакана. Инаку, неразделната соработничка на пејачката, Сандра, вчера се омажи за ММА борачот Стефан Пијук, а за гала прославата младенците не штеделе.

Тие на сите гости им платиле хотелско сместување, но не и авионски билети, сепак кога ќе се земе предвид дека се 50 гости, и сместувањето скапо ги чинело младенците.

Сандра инсистирала гостите да дојдат облечени во бело, па до тој дрескод се држела и Теодора.

До матичарот, младенците стигнале во кочија.

принтскрин Инстаграм

(Фото) Бугарската принцеза Калина шокира многумина со својот изглед: Никој не знае дека имала тешка инфекција!

 

Слични објави

Џина Џиновиќ избега од Дубаи па објави сексапилно видео во мини бикини

apostolova

Дојдов дома во три и пол сабајле: Наум Петрески откри боемска приказна

msp-admin

„Дрон падна на 600 метри од зградата, сега почнувам од нула“: Ќерката на Ѓоле Ѓогани за ужасот во Дубаи

Еспресо

Хороскоп за 11 март: Девиците да избегнуваат ризични деловни одлуки, Скорпиите ќе започнат нова врска

Еспресо

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо
Се вчитува....