16.2 C
Скопје
06:06 - 3 јуни, 2026

(Фото) Бугарската принцеза Калина шокира многумина со својот изглед: Никој не знае дека имала тешка инфекција!

Додека многумина се фокусираат на нејзините импозантни мускули и фигура, малкумина знаат за низата здравствени предизвици што таа ги надмина, вклучувајќи го и оној што драматично го промени нејзиниот изглед, пренесува српски Информер.

Кога ќе помислите на принцези, можеби ќе ви паднат на ум бајките и магичните светови, но реалноста на принцезата Калина од Бугарија е далеку повозбудлива.

Родена е на 19 јануари 1972 година во Мадрид. Калина е единствена и самосвесна жена која си го прави сама својот пат. Како единствена ќерка и петто дете на кралот Симеон и кралицата Маргарита, таа беше крстена според римокатоличкиот обред. Се школувала во престижни институции како што се Францускиот Лицеј и Англискиот колеџ во Мадрид, следејќи ги стапките на нејзиниот татко и браќата.

Од раното детство, Калина беше вљубена во уметноста. Нејзината страст за реставрација, применета уметност и зачувување на културното и историското наследство ја доведоа во Лондон, каде што се стекна со експертиза за реставрација на мебел, уметнички предмети и историски дизајн.

На 26 октомври 2002 година, Калина се омажи за Антонио Хозе (Китин) Муњоз и Валкарсел, познат шпански поморски морепловец и истражувач, амбасадор на добра волја на УНЕСКО. Венчавката се одржа во палатата на Царска Бистрица, со римокатоличка церемонија, а потоа младенците добија благослов според канонот на православната црква од владиката Јоан Драговитиски во боровската црква, која на почетокот на 20 век ја изградил кралот Фердинанд. Венчаницата на принцезата, дело на бугарски моден дизајнер, беше украсена со бугарски национални мотиви.

На 14 март 2007 година, Калина го роди синот, принцот Симеон Хасан во Софија. Тој е крстен според православниот обред на 25 април 2008 година, во чест на неговиот дедо го добил името Симеон и Хасан во чест на покојниот крал на Мароко Хасан II. Кума на крштевката беше принцезата Ирина од Грција и Данска.

За разлика од многу членови на кралското семејство, Калина не следи строг протокол. Често ја гледаме во теретана, каде посветено тренира.

– Посветена сум на тренинзите со тегови и здравјето на телото, спортистка сум – изјави таа во една прилика за медиумите.

Не е вообичаено да гледаме некој во педесеттите години со толку силна градба, со оглед на тоа колку труд и посветеност е потребен за да се изградат такви мускули.

Променетиот изглед на носот на принцезата Калина, покрај нејзините импозантни мускули, привлече внимание, иако ретко кој знае низ каква борба минала.

Првично се здобила со полесна повреда која резултирала со скршени заби по пад. За време на стоматолошкиот третман, се развила сериозна инфекција во вилицата, која бараше продолжен третман и сложена операција за да се спречи понатамошно ширење на инфекцијата на други делови од телото. Последиците од оваа инфекција значително влијаеле на изгледот на нејзиниот нос.

Сепак, факт е дека принцезата претерала со пластичните операции и за жал, пример е за неуспешни естетски интервенции.

Слични објави

(Фото) Семејна идила – Вељко и Богдана Ражнатовиќ уживаат заедно, позираа со најстариот син

Еспресо

Исповед на Сенида: Зад рефлекторите и сцената, јас сум само жена која му верува на своето срце

Е.А.

(Фото) Вулгарни навреди за сопругата и ќерката на Миро Кацаров, водителот се огласи лут

Еспресо

Неда Украден откри дека би простила неверство: „Не е реално да се сака само една личност“

Еспресо

Ана Бекута скршена од тажната вест, се обрати до семејството на Халид Бешлиќ

Еспресо

(Фото) Нивес Целзиус ужива на Истра – ги истакна облините во минијатурно бикини

Еспресо
Се вчитува....