08:22 - 3 април, 2026

Маган и Хари се „ниско во хиерархијата“ на ѕвезди во САД: Ни далеку не се славни како Кардашијан и Џеј Ло, Амриканците „не ги фермаат многу“

Според поранешна пријателка на Меган Маркл, војвотката од Сасекс мислела дека таа и принцот Хари ќе бидат „број еден во Холивуд“, но реалноста е дека тие се „прилично ниско во хиерархијата“.

Ник Еде, водителкa на Кралската агенда на Кралската телевизија, рече дека парот го преценил влијанието што ќе го имаaт откако ќе се преселaт од Велика Британија во Соединетите држави.

Еде објасни дека во Холивуд, кон нив не се однесуваат како на некој со кралска титула, туку Американците повеќе се „палат“ на луѓе како што се Кардашијан, Бијонсе и Џеј Ло кои уживаат висок статус. Дополнително, висок статус имаат и Обама и Клинтонови поради нивната претходна позиција во Белата куќа.

Водителката верува дека Хари и Меган не го разбрале овој аспект и затоа се далеку од тоа да бидат „нови дечки од блокот“.

Војводата и војвотката од Сасекс се соседи на големи познати личности и имаат прилично голема конкуренција во однос на вниманието. Двојката ја купи својата палата во Монтесито за 14,65 милиони долари во 2020 година, каде што како соседи ги имаат ѕвездите од типот на Опра Винфри и Елен Деџенерис.

Меган е воодушевена од нејзиниот нов дом од 18.000 квадратни метри, со девет спални соби, 16 бањи, тениско игралиште, чајџилница, гостинска куќа со две спални соби, кокошарник, базен и помошна куќа со базен и две палми во големата градина.

Војвотката рече дека се чувствува „слободна“ и дека живеењето во куќата е „мирно и лековито“.

Во врска со нивниот живот во Соединетите Држави, Еде верува дека парот имал потешкотии да се прилагоди, бидејќи животот на Хари и Меган е многу различен од оној што го воделе во Велика Британија и нивниот поранешен дом во Нотингем Котиџ. Еде рече дека тоа што се „прилично ниско на хиерархијата“ им претставува проблем, особено на Меган.

 

 

Слични објави

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.
Се вчитува....