09:29 - 2 април, 2025

Мадона открива што ѝ се случило додека била во кома: „Бог ме праша дали сакам да појдам со него“

Американската поп пејачка Мадона откри дека првиот збор што го кажала откако се разбудила од индуцирана кома во која се најде поради бактериска инфекција со која се соочи минатата година бил зборот „не“.

„Прилично сум сигурна сум дека Бог ме праша дали сакам да одам со него, а јас реков „не, не“, рече пејачката.

Својата борба со болеста, која ја остави во кома четири дена, ја опиша како „страшна“ и додаде дека немала сила ниту да оди, пишува Скај њуз.

Мадона му се заблагодари на својот лекар Дејвид Агус, кој, како што тврди, секој ден го прашувала кога повторно ќе се чувствува нормално. Според зборовите на Мадона, советот на лекарот бил да излезе на сонце и дека со помош на витаминот Д нејзините бубрези ќе продолжат повторно нормално да работат.

„Беше чудно да се чувствуваш како да немаш контрола. Мојата лекција беше да научам да ги пуштам работите да си се одвиваат на свој начин“, додава Мадона.

Таа ги пофали и своите шест деца, кои ѝ пружиле поддршка во текот на опоравувањето.

Слични објави

(Фото) Позната пејачка дошла без заби во емисијата на Сања Маринковиќ! Водителката ѝ порачала нешто, а таа со рака ја покрила устата…

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Биковите ќе запознаат некој интересен преку социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) Тројна среќа: Горан Папаз сподели преслатка слика со трите близнаци!

Еспресо

Тајната е откриена: Колкава алиментација плаќал Драган Којиќ Кеба?

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ се соблече во бикини: Пејачката ги „искара“ луѓето на плажа!

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац на тренинг: Еве како пејачката ја доведува линијата до совршенство

Еспресо
Се вчитува....