8.8 C
Скопје
12:19 - 1 април, 2026

Лука е тинејџер и уште не зборува: Маја Оџаклиевска со емотивна објава за внукот

Маја Оџаклиевска сподели емотивна објава за својот внук Лука, дете со аутизам, за кого се грижеше додека беше помал.

Лука, синот на нејзината постара ќерка Теа сега е тинејџер,  познатата пејачка објави фотографија од него кога бил помал и сега и напиша: „Ми порасна бебето“.

Сосема посветувајќи му се на Лука, таа се повлече од сцената, од кариерата, но и од градскиот живот, преселувајќи се на село каде меѓу природата и животните заедно го наоѓаат спокојството.

Маја живееше со внукот и се грижеше за него, но кога порасна таа изјави дека грижата ја преземала нејзината ќерка, откако Оџаклиевска ѝ рекла дека ѝ станува потешко со нејзините години и откако момчето порасна.

Маја има две ќерки од двата брака, Теа и Андреа, на кои и денес им е најголема поддршка. Родителската борба ја водеше како самохрана мајка, поради што понекогаш свесно ја запоставуваше кариерата. Кога постарата ќерка го роди синот Лука, внукот ѝ внесе нова смисла во животот.

За жал, безгрижното воспитување наеднаш го прекинале симптомите на аутизам, кои се манифестирале во неговата втора година. Од тој момент, познатата пејачка целосно се посветила на изнаоѓање лек за својот миленик. Лука има 13 години, влегол во пубертет и уште не проговорил.

Слични објави

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....