18:18 - 23 февруари, 2026

Љубов која не се крие: Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ заедно прославија посебен датум

Пејачката Марија Шерифовиќ приреди емотивно изненадување за Јована Пајиќ по повод нејзиниот роденден, а сите детали ги сподели со своите следбеници на Инстаграм. Марија во текот на вечерата објави серија инстаграм приказни, на кои се гледа дека за Јована организирала забава изненадување.

На едно видео се гледа моментот кога Јована влегува во просторијата и сфаќа дека ја чека прослава, додека во позадина летаат конфети, а присутните ја пречекуваат со смеа и аплауз.

Шерифовиќ покрај видеата духовито напиша: „А она што ти не можеш ни да го замислиш, остави ми го на мене.“

На друго видео се гледа Јована пред роденденската торта со свеќи во облик на бројот 37, додека Марија ѝ упатува искрени желби.

Во емотивната порака ѝ посака „сонце, топло море, мир во душата, здрави деца и живот со куфери“.

Посебно внимание привлече и кадарот од почетокот на вечерата, на кој се гледа Марија во опуштено издание како стои гушната со Јована пред морето, со порака: „Нека оваа година биде таа во која ќе го избираш себе. Тивко, сигурно, без бучава и без оправдувања.“

Дружењето меѓу Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ долго време беше тема во медиумите, па дури се шпекулираше дека Шерифовиќ е виновна за разводот на Јована од Александар Цветковиќ, познат како Сале Тропико.

– Немам коментар за тие глупости. Секако дека сум во контакт со Јована, но многу е глупо да се пишуваат такви работи – изјави своето време поранешниот сопруг на Јована Пајиќ.

Слични објави

Прва фотографија од сопругот на Деа Ѓурѓевиќ: Запознајте го Лазар, нејзината љубов од училишните денови

E.A.

Ѕвездата на „Онлифанс“ откри дека е бремена по скандалозниот предизвик со 400 мажи

Еспресо

„Колку килограми се здебели, веќе немаш врат?!“: Сара Јо без шминка и во пижами одговори на грубото прашање

Еспресо

Уапсена малолетничката која гасела цигари на јазикот на брутално мачениот син на Снежана Ѓуришиќ

Еспресо

„Пиев таблети за смирување“ Снежана Ѓуришиќ скршена за својот син кој беше брутално претепан

Еспресо

(Фото) Најдрското издание на Наташа Беквалац: Облечена во боди-танга ги покажа тетоважата и задникот

Еспресо
Се вчитува....