7.8 C
Скопје
21:53 - 1 април, 2026

Ливерпул ќе биде градот домаќин на Евровизија 2023: Домот на „Битлси“ е подготвен да организира шоу за Украина, Велика Британија и Европа

По победата на украинската фолк-рап група Калуш Оркестар на изборот за песна на Евровизија во Торино во мај, Украина требаше да биде домаќин на натпреварот следната година.

И покрај негодувањето од владата на претседателот Володимир Зеленски, Европската радиодифузна унија (ЕБУ), заклучи дека Украина не може да ја гарантира безбедноста на повеќе од 10.000 луѓе вклучени во продукцијата и на уште 30.000 обожаватели. Украинската влада се согласи настанот да го организира Велика Британија, со тоа што ќе го одразува украинскиот дух и карактеристиките на Украина.

Обединетото Кралство претходно осум пати беше домаќин на натпреварот, четири пати изборот за песна на Евровизија се одржа во Лондон. Последен пат се одржа во 1998 година во Бирмингем. Британската јавна радиодифузна корпорација појасни дека во процесот на селекција се фокусирале на оние британски градови кои претходно се докажале како добри домаќини на големи меѓународни настани. Од 20-те градови од Велика Британија кои се натпреваруваа за домаќин на Евровизија, Ливерпул успеа да го освои првото место, а Глазгов остана на второ место во финалето.

„Тие немаат забави како ние“, рече градоначалничката на Ливерпул, Џоан Андерсон за време на натпреварот. „Домот на Битлси е подготвен да организира шоу за Украина, Велика Британија и Европа“, додаде таа.

Да потсетиме, британскиот претставник Сем Рајдер го освои второто место на Евросонг со необичната песна „Space Man“.

Слични објави

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо
Се вчитува....