7.8 C
Скопје
22:24 - 31 март, 2026

Линда Евангелиста призна дека се бори со ракот веќе пет години: „Само неколку луѓе знаеја…“

58-годишниот канадскa супермоделкa Линда Евангелиста за првпат проговори за својата лична борба со ракот на дојката.

Во новото интервју за WSJ таа сподели дека двапати ѝ била дијагностицирана сериозната болест: прво во 2018 година, а потоа во 2022 година.

„Ракот беше откриен за време на рутински преглед на мамографија“, рече супермоделката.  „Маркерите не беа добри, а поради други здравствени фактори, не се двоумев, бидејќи сакав да оставам сè зад себе и се одлучив за билатерална мастектомија“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evangelista (@lindaevangelista)

Манекенката со италијанско потекло додаде дека и покрај нејзините најголеми напори, дознала дека ракот на градите ѝ се вратил во јули 2022 година.

Една од најпознатите супермодели од 90-тите години, во разговор за списанието се присети и дека откако по вторпат ѝ била кажана ужасната дијагноза, му рекла на својот онколог да ѝ „ископа дупка“ во градите.

„Не сакам да изгледа убаво. Сакам да „копаш“. Сакам да видам дупка во моите гради кога ќе завршиш со операцијата“ – признава убавицата.

За тоа зошто манекенката избрала да ја држи во тајност својата битка со ракот до сега, Евангелиста објасни дека едноставно не била подготвена да го сподели овој дел од својот живот со светот додека активно се лекувала.

„Тоа го чував во тајност. Само неколку луѓе знаеја. А јас едноставно не сум човек кој мора да споделува сè“, рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evangelista (@lindaevangelista)

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....