5.8 C
Скопје
01:40 - 1 април, 2026

Линда Евангелиста блесна на насловна на Вог: Козметичкиот третман трајно ме деформираше и брутално ме обезличи

Линда Евангелиста изненади со своето појавување на насловната страница на британскиот број на списанието Вог за септември. Таа се отвори за нејзината борба повторно да се сака себеси по козметичката процедура што ја оставила, како што рече, „трајно деформирана“ и „брутално обезличена“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)

Познатата 57-годишна манекенка и фотомодел се криеше во последните 6 години откако имаше ретка реакција на третманот Кулскуптуринг (CoolSculpting) кој требаше да и ги намали масните клетки. Но, наместо тоа, масните клетки се зголемија.

Таа направи две липосукции за да се обиде да го реши проблемот. Во февруари убавицата објави дека повеќе нема да живее во криење. И неодамна му се врати на манекенството и изгледа фантастично на насловната страница на најновото британско издание на списанието „Вог“ – објави Дејли Мејл.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)

Линда рече дека нејзината вилица и врат не изгледаат така во реалниот живот, но дека шминкерката користела селотејп и ластици, кои ги прекрила со шалови и капи, за да и го затегне лицето. Објасни и дека продолжува да се сака себеси откако станала депресивна по неочекуваната реакција на третманите, и дека користењето на лентата и помогнало да се чувствува самоуверено додека повторно го прави она што најмногу го сака.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)

Во 90-тите Линда беше еден од најпознатите супермодели, ги красеше насловните страници на најпознатите светски магазини, а блескаше на ревии за модните куќи Шанел, Валентино, Долче и Габана, Ралф Лорен, Џорџо Армани…Престана да работи во 2016 година, додека конечно на Инстаграм не отрки зошто решила да се повлече од очите на јавноста.
Таа ја тужеше компанијата Zeltiq Aesthetics за 50 милиони американски долари за штетата што ја претрпе бидејќи не беше во можност да работи по третманот CoolSculpting, со оглед на тоа што резултатите беа спротивни од рекламирањето на третманот.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....