24.8 C
Скопје
15:03 - 2 октомври, 2026

Лидија Вукиќевиќ по долго време проговори за партнерот: „Никогаш не дозволив во мојата куќа да влезе некој со кого ќе си легнам во кревет“

Познатата актерка Лидија Вукиќевиќ по разводот од поранешниот сопруг Митар Мркела, својот емотивен живот на некое време го стави во втор план, пред сè за да ги заштити чувствата на своите синови и да не им го отежнува растењето.

Таа вели дека никогаш не носела партнери дома за да го сочува почитувањето од своите деца.

„Вон куќата да, но во куќата – никогаш“

Актерката смета дека донела правилна одлука, бидејќи денес нејзините синови се возрасни луѓе кои неизмерно ја почитуваат.

„Машките деца се многу тешки. Тие не сакаат да ја видат својата мајка со некој друг, особено во тие почувствителни години. Никогаш не дозволив во мојот дом да биде некој со кого ќе се прегрнувам, со кого ќе заминам во друга соба и ќе легнам во кревет. Секогаш се преиспитував како тие би го доживеале тоа и верував дека би им било страшно. Вон куќата да, во ред, но во куќата – никогаш“, искрена е Лидија.

Тајната на долготрајната врска

Денес Лидија е емотивно исполнета, а во подкастот „Животна приказна“ ја откри и својата тајна за тоа како ја одржува стабилна врската со сегашниот емотивен партнер.

„На зборот ‘љубов’ никогаш не сум му придавала преголемо значење, за мене многу повеќе значи почитувањњто. Јас го сакам неговото дело, исто како што и тој го сака моето. Нашата врска трае долго, а знаете ли зошто? Затоа што не се гледаме секој ден. За љубовта мора да бидете животен уметник, а жената мора да знае како да сочува тајна. Кога односот меѓу мажот и жената комплетно ќе се оголи, тогаш почнувате да живеете од навика. Јас не пристанувам на тоа“, објаснува актерката.

За разводот: „Кога се разведов, јас пеев“

Лидија се присети и на периодот кога одлучила да стави крај на бракот, нагласувајќи дека семејството секогаш ѝ било приоритет пред актерската кариера, па затоа и лесно ја донела одлуката.

„Кога љубовта се потроши, на истиот начин на кој се мажев, донесов одлука и да се разведам. Кога му кажав на татко ми, тој ми рече: ‘Ако ти си донела таква одлука, јас те поддржувам’. Кога се разведов, јас пеев. На децата им организирав различни настани за полесно да го поднесат тој период. Воопшто не чувствував болка што семејството се распадна, бидејќи мислам дека во спротивно, на моите деца ќе им беше многу полошо. Денес тие се нормални луѓе, полни со љубов“, заклучува Вукиќевиќ.

Слични објави

Кога мајка ми имаше тумор, а татко ми беше во притвор, Слаткар ми помогна: Емотивна приказна на Тајзи

Еспресо

Ивана Селаков со години се борела за потомство, а потоа следувал нов предизвик со ќерката: „Четири години не јадеше нормално“

К.С.

Наместо романтична порака, апарат за притисок: Тања Кочовска во свој стил ја одбележа годишнината од бракот со Предраг

Еспресо

(Фото) Каролина се гушка со мајка си, ужива со Михаил и внуките: „Септември беше убав“

К.С.

(Видео) За едно парче 8.500 евра – еве на што троши пари ќерката на Харис Џиновиќ

Еспресо

(Фото) Стефан Лазаров стана татко, се роди синот Лука: „Марта, ти благодарам за најубавиот подарок“

К.С.
Се вчитува....