07:34 - 4 април, 2026

Лидија Вукиќевиќ ја откри тајната на својот младешки изглед: „Црна паста за заби, колаген, здрава исхрана…“

Актерката Лидија Вукиќевиќ ја откри тајната на својот младешки изглед и призна дали направила естетски коркции.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lidija Vukićević (@vukiceviclidija)

Српската актерка, на која времето како да ѝ може ништо, не крие дека младоста ѝ донела многу придобивки, но тврди дека не отишла под нож поради изгледот. Како што вели, само едно исправила кај пластичен хирург.

„Единствено што сум направила на лицето е третман во вид на боцкање со кој се активира работата на колагенот. Тоа кожата ја прави помека. Освен тоа, ништо друго не сум правела, никакви операции. Суштината на мојот младешки изглед е тоа што се негувам од мојата 18 година. Мојата мајка беше строга и се грижеше за изгледот мој и на мојата сестра, уште како млади девојки почнавме да користиме креми за лице. Покрај тоа, генетиката, имам благодарна кожа на мојата мајка. Водам здрав живот, не пијам, не пушам, здраво се хранам и се тоа резултира со ваков мој изглед“ – објаснува актерката за српските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lidija Vukićević (@vukiceviclidija)

Вукиќевиќ не подлегнала ниту на популарните третмани на цртање на веѓите ниту на третманите за холивудска насмевка.

„Косата не ја исправувам, природно е виткана. Веѓите не ги тенчам, како што може да се забележи. Имам свои нокти, не сакам вештачки. Забите, исто така, се мои. Никогаш не сум сакала да ставам навлаки и да имам неприродно бели заби. Ги одржувам така што одам на секои два месеца на забар и користам црна паста за заби за да ја задржам белината на забите“, закучила глумицата.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....