9.8 C
Скопје
19:01 - 12 март, 2026

„Лет 3“завршиле на суд зашто на настап носеле тапи на задниците: Обвинети за „нарушување на јавниот ред и мир“

Хрватските претставници на Евровизија, групата „Лет 3“ моментално се најдискутираната група која ќе настапи на Евровизија во Ливерпул.

Интересно е што во 2008 година групата заврши на суд поради настап во Вараждин.

Во 2006 година, градот Вараждин поднесе кривична пријава против бендот од Риека. Имено, членовите на „Лет 3“ на контроверзниот концерт ги покажале задниците на кои имаа закачено тапи, што некои го протолкуваа тоа како „нарушување на јавниот ред и мир“.

Судот за прекршоци во Вараждин тогаш одлучи дека членовите „со својот настап ги повредиле моралните чувства на граѓаните на Вараждин“, а членовите на бендот требало да платат 300 куни.

На суд, членовите на бендот рекоа дека не се сметаат себеси за виновни, бидејќи сметаат дека „нивното соблекување не ги навредило чувствата на никој што дошол на нивниот концерт“, а не планираат да ја платат одредената казна од 300 куни, „бидејќи со плаќање на казната би ја признале вината“ , што е спротивно на нивната изјава и убедување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivan Bojčić (@ivanbojcic.let3)

Тоа што нивниот настап бил определен како „нарушување на јавниот ред и мир“, членовите на „Лет 3“ тогаш го сметал тоа за напад на уметничката слобода, па порачале дека во овој случај „не се бореле само за себе, туку и за слободата на сите други уметници“.

Тие исто така рекоа дека им е „чудно што личноста чии чувства ги повредиле не гледа ништо освен својот задник покрај сета убавина на нивниот уметнички израз“.

По судењето, тогашниот заменик градоначалник на Вараждин, Иван Мешек, им се извини на членовите на бендот за прекршочната пријава.

 

Слични објави

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо
Се вчитува....