5.8 C
Скопје
05:29 - 1 април, 2026

Лепа Лукиќ освоила 14 милиони динари на коцка: „Јас сум ги заработила и мое право е како ќе ги потрошам“

Фолк-легендата Лепа Лукиќ со децении отворено признава дека единствениот порок што го има е коцкањето. Иако за многумина оваа тема е табу, пејачката никогаш не криела дека повремено оди во коцкарница за да се опушти.

Според информации што неодамна излегоа во јавноста, токму едно такво излегување ѝ донело и исклучителна добивка.

Извор близок до Лукиќ открива дека пејачката еднаш освоила повеќе од 14 милиони динари, а приказната и денес се споменува меѓу љубителите на игрите на среќа.

„Лепа Лукиќ често беше гостинка во еден ресторан на Косово, каде што имаше и коцкарница. Една вечер освои повеќе од 14 милиони динари. Имаше неверојатна среќа и во тоа време важеше за вистински страв и трепет во коцкарските кругови. Таа анегдота и денес се прераскажува на слави и собири кога ќе се спомне нејзиното име“, тврди изворот.

И самата Лепа Лукиќ во повеќе наврати истакнувала дека не гледа ништо спорно во тоа што го троши сопствениот заработен новец онака како што смета дека е исправно.

„ Не разбирам зошто некому би му пречело тоа што ја ги трошам моите пари. Јас сум ги заработила и мое право е како ќе ги потрошам. Во пензија имам повеќе слободно време, но сум активна и сакам да се движам и да одам каде што можам“, изјави таа во едно интервју.

Пејачката нагласува дека никогаш не претерувала и дека коцкањето за неа не значи расфрлање со пари.

„Кога одам да се коцкам, тоа обично се мали суми. Не пијам и не пушам, тоа кај мене е строго правило. Никогаш не сте можеле да ме видите пијана во кафана“, вели Лукиќ.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....