10:15 - 13 ноември, 2026

Ќерката на Јелена Карлеуша за своите комплекси и желби: „Би дала бубрег за тоа“

Ника Тошиќ, ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ важи за една од омилените тинејџерки на Tикток, каде што ја следат поради нејзиниот хумор, искреност и совети кои ги дава без маскирање.

Ника во еден од најновите видеа реши отворено да зборува за работите кои ѝ пречат, но и за она поради кое им „завидува“ на своите врсници.

Во видеото кое брзо стана вирално, Ника на шега ги набројуваше ситуациите во кои се чувствува ограничено во споредба со другите тинејџери:

„Ви завидувам ако имате сини или зелени очи, или нешто помеѓу. Ако по училиште можете да одморите… Луѓето се одморат за два часа, јас одам да спијам и не сум одморена ни по пет часа“, рече Ника.

Таа зборуваше и за изгледот, без воздржување и со доза автоиронија:

„Ако сте поубави без шминка… Толку сте убави што шминката не може да ве промени… Ако имате природно долги трепки. Луѓе, јас би дала бубрег за долги трепки. ‘Ника, оди предалеку’, би рекле, но не, мој бубрег, моја работа“, се пошегува ќерката на Јелена.

За крај, Ника спомена и она што го смета за свој најголем „проблем“:

„Ако јадете и не се дебелеете, вие сте фејк, како ви успева тоа? Јас, кога јадам салата, ми отекува стомакот“, заклучи Ника.

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....