7.8 C
Скопје
22:27 - 1 април, 2026

Лепа Брена со нови правила за синот: Еве што не може да трпи пејачката

Кога кон средината на минатата година ја напушти семејната куќа на Бежанијска коса и се всели во својот стан во еден од најелитните делови на Белград, за што, како што пишуваа српските медиуми, Брена и Боба Живојиновиќ одвоиле повеќе од 500.000 евра. Оттогаш нивниот син Виктор, живее ергенски живот, а пејачката била принудена да постави нови правила на однесување.

Таа нема ништо против нејзините синови да бидат независни и тоа што решиле да живеат сами, но смета дека тогаш треба да се грижат за се, дури и кога е во прашање одржувањето на хигиената и чистењето на станот.

– Виктор пред Нова година се всели во стан на 40 кат во луксузна зграда и цело време има друштво, прави забави и лудува, а мама и тато повеќе не го проверуваат. Иако му било сосема удобно во Бежанија, Виктор сепак сакал да се осамостои и да се одвои од родителите. Сепак, проблемите се појавија веднаш. Кога ја замолил Брена да му помогне околу чистењето на станот и перењето алишта, или пак да му испрати собарка да му го исчисти станот, реакцијата на мајка му го шокирала – рекол извор за српскиот портал еспресо, и додал:

-Не очекуваше дека Брена така ќе се постави. Отворено му кажала дека ако сака да живее сам, тогаш се мора да прави сам, бидејќи и татко му Боба во тие години го чистел неговиот ергенски стан и никогаш немал домашна помошничка. Брена не сака да му праќа помошници бидејќи мисли дека може да одвои по 15 минути дневно за да ги исчисти со правосмукалка станот и да ги стави садовите во машината за перење.

Иако Виктор беше разгален додека беше во домот на Брена и Бова, сега Брена бара од него дисциплина.

Според српските медиуми, Виктор прво се бунел, но потоа сфатил дека Брена е во право, па сега после секоја забава ги засука ракавите и го средува станот сам или со друштвото.

Слични објави

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо
Се вчитува....