02:14 - 11 ноември, 2026

Лепа Брена го освојува американскиот пазар: И Карди Б е воодушевена од нив

Лепа Брена има причина да биде задоволна од бизнисот што го започна пред неколку месеци. Имено, нејзините чорапи го освојуваат светот, па се водат преговори и за почеток на дистрибуција во странство, дознава Курир.

Според нивниот извор, Брена добила понуда од една американска компанија, која исто така се занимава со производство и продажба на чорапи, да го дистрибуира својот бренд во САД за огромна сума пари. Наводно, тие се подготвени да платат половина милион долари за првиот договор кој би важел една сезона (есен и зима).

-Брена работи со полна пареа. Ѝ се допаѓа бизнисот со чорапи, а понудите доаѓаат од сите страни. Таа привлече одлични партнери, а сега ѝ се отвора патот и за американскиот пазар, каде што со години има куќа. Пејачката никогаш не била толку продуктивна како сега, а овој деловен проект дополнително ја мотивираше. Вклучено е целото семејство, а нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ ќе ѝ помогне во преговорите со другите компании“, вели изворот.

Според него, пејачката особено е воодушевена од сумата што ја добила за нејзиниот бренд за толку кратко време по промоцијата.

-Сите знаеме дека е штедлива и се грижи за секој динар. Сумата што ја доби како понуда за соработка е феноменална и повеќе од очекуваната. Мислам дека нема да се двоуми и дека наскоро ќе биде потпишан договор за соработка и дистрибуција. Таа има големи планови, сака да изгради фабрика, но повеќе за тоа подоцна. Сега Брена е сконцентрирана на нашиот и на американскиот пазар и верувам дека тоа ќе резултира со взаемно задоволство, додава изворот.

Светски познатата музичарка Карди Б неодамна на својот инстаграм-профил сподели видео на кое позира во чорапите на Брена. „Јас сум Карди Б, а оваа дама е Лејди Б, има одлични чорапи, а и какви нозе…“, вели таа во видеото.

Да потсетиме, неименуван извор неодамна за Курир откри дека Брена инвестирала 300.000 евра во бизнисот со чорапи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....