14:32 - 13 ноември, 2026

Леонардо ди Каприо повторно е ерген: Младата Камила Мороне ја замени со помлада?

Леонардо ди Каприо и Камила Мороне се разделија по повеќе од четири години заеднички живот. 

За романсата на актерот и младата аргентинка која се докажа и како глумица и како модел, и која го смета Ал Пачино за свој очув (Пачино е во врска со нејзината мајка), стана познато во 2018 година, кога беа забележани на одмор во Аспен. Нивната врска долго време остана во тајност, а официјално дебитираа како пар само на церемонијата на Оскар во февруари 2020 година, но ниеднаш потоа не беа фатени од папараците во јавност.

Упатените веруваа дека врската е многу сериозна. Во 2020 година, извор изјави за People дека Леонардо „сака да живее со“ Мороне и дека „тие се многу блиски“. Актерот ја запознал Камила и со своите родители.

Парот последен пат беше виден заедно во јули оваа година на плажа во Малибу, каде заедно го поминаа викендот во чест на Денот на независноста на САД. Во август, Мороне беше забележана во Сен Тропе со нејзината мајка, додека Ди Каприо престојуваше во Лос Анџелес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Една од темите за кои се разговараше за време на романсата на парот беше нивната разлика во години: Леонардо сега има 47 години, а Камила неодамна наполни 25 години. Самата Мороне коментираше на ова прашање:

„Во Холивуд и во светската историја имало многу романси кога луѓето имале голема разлика во години. Мислам дека секој треба да излегува со кого сака“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Camila Morrone (@camilamorrone)

За годините на Камила се зборува и сега. Јавноста одамна забележа дека Ди Каприо не излегува со девојки постари од 25 години. Меѓу сите негови избранички, сè уште нема ниту еден исклучок.

Претставниците на Ди Каприо и Мороне се уште не ги коментирале информациите на Пипл дека се разделиле.

Која е Камила Мороне, убавицата во прегратките на Леонардо ди Каприо, а „поќерка“ на Ал Пачино

Слични објави

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.
Се вчитува....