9.8 C
Скопје
14:41 - 31 март, 2026

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

Причина за славење има познатата музичко-брачна двојка од Струмица Горан и Ленче Кукиќ, нашите познати пејачи на народна музика.

Тие годинава слават 30 години брак, а во една прилика, ја раскажаа нивната необична и романтична љубовна приказна.

Кукиќ се присетија дека се запознале на „старински начин, во Струмица на улица“, на познатото струмичко корзо на кое некогаш се излегувало.

„Се запознавме во Струмица на улица, малку понагоре, на струмичкото корзо. Па, мислам дека јас прв ја забележав“, рече Горан во емисијата „Мастраф муабет“ , а на ова Ленче одговори: „Јас. И јас сум фрлила око, и тој фрлил, и се најдовме“.

Во емисијата „Еден на Еден“, Ленче ја дополни оваа приказна за нивната прва средба.

„Јас тогаш не возев. Чекав да ме зeмат едни другари и јас влегувам во колата и го гледам Горан Кукиќ, и си викам: ‘О Боже, од каде сега ти? Јас го знаев, ама не сум го видела. Си седнувам, го гледам и си викам: ‘Ќе го биде’. И да ти кажам потоа, ние си се запознавме и по неколку месеци се земавме.

Решивме да не ја одложуваме работата. Се сакаме, се земавме и тоа е тоа. Е сега, му благодарам на Господ, долго сме заедно, веќе 30 години“, рече Ленче Кукиќ.

„Нашата љубов трае 30 години, а оваа година величенствено ќе славиме, со роднините, пријателите, колегите и секако со нашиот син Иван кој е доказ на таа љубов“, рече за „Вечер прес“ познатата пејачка.

Синот Иван Кукиќ е успешен бас гитарист. Тој е дел од триото на Влатко Стефановски.

Слични објави

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin
Се вчитува....