18.8 C
Скопје
15:58 - 13 март, 2026

„Лазар Ристовски ја продаде куќата во Земун“: Еве што мислат соседите на познатиот актер за него и неговата нова девојка

Лазар Ристовски последните денови е во центарот на вниманието поради врската со 39 години помладата Аница Лазиќ, а за нивната љубов се зборува со денови.

Тој претходно стави точка на повеќедеценискиот брак со сопругата Даница, исто така позната глумица, со која живееше во семејната куќа во Земун. Но, нивните соседи сега открија дека актерот веќе ја продал оваа вила, а за Лазар немаа многу убави зборови.

„Ристовски веќе ја продаде куќата. Одамна не живее тука. Го познавам само по видување. Кога и да го видов, тој беше намуртен, нервозен. Никогаш не се насмевнал ниту не поздравил, а ни првите соседи не му мислат ништо подобро, тоа го знам затоа што се дружам со нив. Никогаш не сум ја видела неговата девојка, но сум слушнала за нив. Сето тоа го разбирам, љубовта не познава години, но мислам дека тоа не е вистинска љубов“, изјави за српски Блиц сосетка на познатиот актер.

Иако со години живееле во овој крај, соседството немало многу контакт со актерската двојка.

„Живееше тука до мене, не зборува многу со соседите. Навистина не знам каков човек е тој. Знам дека бевме соседи, но немав контакт со него. Немам ништо против него, слушнав дека со една комшика не зборувал со години, но не знам зашто, не навлегувам во тие работи, тоа го слушнав бидејќи сите овде се знаеме. Навистина немам ништо против него, сакам да ги гледам филмовите во кои глуми“, вели друг поранешен сосед на Ристовски.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Да потсетиме, Лазар во последните денови беше во центарот на медиумското внимание поради објавите од одморот на кој замина со својата партнерка, а актерот ја искористи приликата да позира во гаќички за капење покрај базен во луксузниот ресорт каде што престојуваат.

Слични објави

(Фото) Ѕирнете во луксузниот стан на Луна и Марко во Белград: Ќерките добиле соба како од бајка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ се прости од своето куче: „Сите кучиња одат во рајот“

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска во своето најсекси издание досега

msp-admin

Марија Шерифовиќ проговори како ги напуштила „Ѕвездите на Гранд“, а го спомена и Саша Поповиќ

apostolova

(Фото) Ваква не ја знаеме: Ирена Спировска природна, без трошка шминка

msp-admin

Нови детали за несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Ќе биде погребан денеска, на гробиштата во Брестач

Еспресо
Се вчитува....