12:58 - 12 ноември, 2026

Лазар Бараков го искритикува Гоце Тодоровски, разочарани се и дел од фановите на „Македонски народни приказни“

Гоце Тодоровси го разочара колегата Лазар Бараков во поткастот на Стефан Лазаров, а разочарани се и дел од неговите обожаватели.

На фејсбук-страницата која го чува споменот на Ѓорѓи Колозов, а чиј админ е Горан Марковски кој е голем обожавател на сите актери од Македонските народни приказни е поставена фотографија од него и од Лазар Бараков до која пишува:

– Многу луѓе, ретко се наоѓа човек. Јас го најдов човекот, еве го до мене. Легенда, а сепак толку скромен, едноставен, непосреден. Популарноста воопшто не му удрила во глава! Се движам со него по Скопје. Нè застануваат луѓе. Сакаат да му се приближат, да го поздрават.

Да му кажат убав збор. Тој со сите ист! Целосно се дава себеси, со внимание да го чуе секој. Да го одпоздрави. Другарски однос према секој! Помеѓу ѕвездите – ѕвезда, помеѓу народот – народен. Тоа е Лазар Бараков – наивна човечка душа. Човек на кого Бог му има доделено посебна ѕвезда.

Таков влегува во приказните, таков останува до крај, а меѓувремено се прославува, но тоа за него не значи ништо. Од дружбата со него сфатив дека овој човек едноставно нема предрасуди. Подеднакво ги сака и Македонците и Албанците и Турците и Ромите… ама вистински!

Тој го бара човекот во секој човек без разлика од која националност и вера доаѓа истиот. Целта во животот на Лазар Бараков е многу повозвишена од онаа на некои негови колеги на кои најважно во животот им е да си го задоволат сопственото его, по секоја цена да бидат сакани и нарекувани од другите – легенди.

Пристапот на Лазар Бараков кон неговата професија, кон самиот живот и кон луѓето од неговото опкружување е сосема поинаков. Господ Бог ги чита нашите души. Тој ги сака едноставните. Нив со леснотија ги поставува над сите оние кои премногу пробуваат – стои, меѓу другото, во објавата.

Фото / Фејсбук

А, Лазар Бараков, на својот фејсбук-профил напишал:

„ЈАС, НЕ и НЕМА ДА ПРОСАМ ПЕНЗИЈА , па и НАЦИОНАЛНА ПЕНЗИЈА, ОРДЕНИ, НАГРАДИ, … септемвриски, октомвриски, ноемвриски … оти сето оваа е само чиста , проста , лицемерна ЦИГАНАРИЈА !!! …. ЌЕ ПРОСАМ И ЌЕ СЕ БОРАМ ЗА ПРАВДА, оти ПРАВДАТА во оваа наша циганарија ќе биде потребна за СИТЕ“, е дел од статусот на Бараков.

 

 

Слични објави

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova
Се вчитува....