12:45 - 31 јануари, 2026

Крис Рок ја повикал на романтична средба Џејда Пинкет Смит веднаш по гласините за развод од Вил Смит: Нов поглед на оскаровската шлаканица

Претстојната книга на Џејда Пинкет Смит, каде што таа раскажува сè за злогласната шлаканица што сопругот Вил Смит му ја „врачи“ на Крис Рок на Оскарите, предизвика лавина коментари. Шлаканицата остана момент кој прерасна во културен феномен и секако, ќе остане долго врежан во главите на луѓето.

Гледајќи наназад на бројните причини поради кои Вил Смит „пукна“ во тој момент на Оскарите, некој би помислил дека главната причина е неговата веќе проблематична врска со Џејда. Но сега се отвора нова перспектива – може да погледнете низ друг фокус на оваа легендарна шлаканица.

Навраќајќи се наназад на Оскарите во 2016 година, се потсетуваме дека Крис Рок не ја поштеди Џејда за време на хумористичниот монолог, но заплетот се згусне дури шест години подоцна. Во неодамнешното интервју со цел да ја промовира книгата, Џејда Пинкет Смит јасно стави до знаење дека шегата на нејзина сметка во 2016 година на Оскарите била решена со телефонски повик од страна Крис Рок кој ѝ се извинил на глумицата. Но, по тој момент во 2016 година, гласините за наводниот развод на Џејда и Вил Смит биле насекаде и Крис Рок сметал дека е изводливо да ја замоли актерката да излезе на романтичен состанок со него. Тоа е точката каде што се потврдува пресвртот на настаните, бидејќи сега можеме да ја видиме шегата на Крис Рок на Оскарите во 2022 година преку сосема поинаков агол. Тоа беше шега на човек кој беше одбиен (од Џејда) и веројатно тоа го болело.

Џејда Пинкет Смит ги откри деталите за повикот кој го добила од Крис Рок ексклузивно за списанието „Пипл“.

Кога гласините за разводот со Вил Смит (со кога инаку, тукушто се откри дека живеат разделени веќе седум години) биле во ек, Крис Рок ја повикал Џејда на вечерен состанок.

„Би сакал да те извадам надвор“ – ги цитира Џејда зборовите на Крис Рок. ‘Што сакаш да кажеш?’ – го прашала, а тој ѝ одговорил: „Па, нели ти и Вил се разведувате?“

Џејда му одговорила: „Не. Крис, тоа се само гласини“.

Глумицата понатаму раскажува дека Рок бил разочаран од нејзината реакција на поканата.

Вил Смит тајно се разделил од сопругата уште пред седум години: „Бевме уморни од обидот да го спасиме бракот“

Слични објави

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova

Хороскоп за 31 јануари: Биковите треба да ги следат правилата, Јарците да избегнуваат стресни ситуации

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо
Се вчитува....