7.8 C
Скопје
20:51 - 1 април, 2026

Кралицата Елизабета Втора сакала од прва рака да дознае зошто се распадна Југославија?

Поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ во телевизиска емисија посветена на британската кралица која денеска ќе биде погребана во Лондон откри интересен детал од неговата средба со Елизабета Втора.

– Кога разговараше со мене кралицата Елизабета Втора, не ја интересираше многу Хрватска, зборуваше за Југославија, ја интересираше од прва рака, зошто Југославија се распаднала. Јас ѝ кажав дека можеше да се распадне и на друг начин, но оние на кои тоа не им се допадна, кои сакаа да ги прошират границите, Туѓман и Милошевиќ, не ја прифатија конфедерацијата, вели Месиќ.

 

Кралицата Елизабета, додаде тој, беше симбол на империјата Велика Британија, која некогаш имала многу голема моќ.

-Таа беше владетел што не носеше одлуки, не учествуваше во активната политика на Велика Британија, како симбол беше авторитет. Таа го даваше своето мислење за многу работи, вели Месиќ.

 

Слични објави

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо
Се вчитува....