5.8 C
Скопје
05:28 - 1 април, 2026

Крал Чарлс го нарече синот Хари „будала“: Нови пикантни детали за кралското семејство

Кралот на Обединетото Кралство и 14 други земји од Комонвелтот, директниот наследник на Елизабета Втора, 75-годишниот Чарлс III, го нарече својот најмлад син Хари „будала“. Ова се наведува во книгата „Endgame: Inside the Royal Family and the Monarchy’s Struggle for Survival“ од Омид Скоби, пишува Њујорк пост.

По објавувањето на документарната серија на Нетфликс во 2022 година, „Хари и Меган“, односите во кралското семејство се нарушени, се тврди во книгата, а повеќето членови на кралското семејство го промениле своето однесување кон принцот Хари.

Ако пред ова, 75-годишниот Чарлс Трети молчеше и не го коментираше животот на својот 39-годишен син, сега отворено му се смее в лице. Кралот отворено го критикува својот син, па дури и го нарекува „будала“, се вели во книгата.

Во книгата, Скоби отворено го открива семејниот конфликт меѓу таткото и синот. Сепак, не е тајна дека конфликтот не е само меѓу кралот и синот, туку и меѓу браќата Вилијам и Хари.

„Откако Меган Маркл влезе во животот на кралското семејство, се се промени во односите на семејството“, се вели во книгата.

Потсетуваме дека семејниот конфликт одамна е јавна тајна. Откако Хари и Меган го напуштија кралството и се откажаа од своите титули, ситуацијата само се влоши. Минатово лето, Хари и Меган не ги ни донесоа децата на одмор кај својот дедо, што било традиционално практика со децении наназад.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....