2.8 C
Скопје
16:40 - 22 декември, 2024

Косово ја одложи забраната за српските документи под притисок на дипломатите и демонстрантите

Властите на Косово по втор пат во 10 месеци беа принудени да попуштат пред етничкото малцинство што живее во регионот по прашањето за забрана на српските броеви на автомобили и лични документи. Владата на Косово објави соопштение за одложување на примената на сопствената уредба, пренесува тасс.

Претходниот обид на Приштина да забрани влез на автомобили со српски регистарски таблички резултираше со сериозна ескалација на конфликтот. На 20 септември 2021 година, стотици косовски полицајци, вклучително и снајперисти, ги окупираа контролните пунктови Јарине и Брњак. Десет дена подоцна, Белград и Приштина постигнаа договор за деескалација на ситуацијата во северно Косово, договорувајќи се да формираат работна група за справување со долгорочниот проблем со броевите на возилата што им припаѓаат на жителите на овој претежно српски регион.

Во текот на вчерашниот ден се појавија нови тензии меѓу Косово и Србија, а има и такви кои стравуваат од вооружен судир меѓу двете земји. Србите не ги прифаќаат новите мерки што ги започна Приштина за забраната на српските лични документи и регистарски таблички на Косово од денес, 1 август.

Како што јави руската агенција Тас, која го цитира весникот Вечерње новости, специјалните сили на Косово се преместени од Приштина на север и во Метохија, каде што се случува протестите на српските граѓани. Претходно беше објавено дека српското население на Косово и Метохија протестирало на главните автопати во регионот, почнало да гради барикади, неколку десетици луѓе го блокирале главниот пат меѓу Приштина и Рашка.

Специјалните единици на косовската полиција, присутни на улиците, почнаа да се повлекуваат во околните села кога започна собирот на граѓаните. Сирени се огласуваа во северниот дел на градот Косовска Митровица.

Според српските медиуми, околу 200 Албанци се собрале на албанската страна на мостот што ги поврзува северниот дел и југот на Косовска Митровица. Српскиот претседател Александар Вучиќ во говорот пред нацијата вчера рече дека ситуацијата на Косово и Метохија станала многу комплицирана за Србите.„Србија никогаш не била во толку сложена и тешка ситуација“, рече Вучиќ.

Марија Захарова: Србите подготвени за воено сценарио

Првата меѓународна реакција за тоа што се случува на Косово и Метохија дојде од Москва. Руското МНР ги повика Приштина и Вашингтон и Брисел кои стојат зад него да престанат со провокациите и да ги почитуваат правата на Србите. Според портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, одлуката на приштинската администрација да започне со примена на „неразумни дискриминаторски правила за присилна замена на личните документи и регистарските броеви на локалните Срби од 1 август е уште еден чекор кон протерувањето на етничкото малцинство од Косово , раселување на институциите кои обезбедуваат заштита на правата на српските жители од самоволието на косовските радикали“.

НАТО: подготвени да интервенираме доколку се загрози безбедноста

Меѓународната мисија Кфор под раководство на НАТО во Косово „внимателно ја следи ситуацијата и е подготвена да интервенира доколку се загрози стабилноста“. Ова се вели во соопштението за медиумите во кое се наведува дека „општата безбедносна ситуација во северните општини на Косово и понатаму е напната“.

Слични објави

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо
Се вчитува....