16:31 - 26 ноември, 2026

Конечно се разбраа – Блејк Лајвли и Џастин Балдони постигнаа спогодба и го затворија судскиот процес

Актерите Блејк Лајвли и Џастин Балдони постигнаа спогодба и го затворија судскиот процес непосредно пред неговиот формален почеток. Договорот беше постигнат со продукциската компанија Вејфејрер студиос и ПР-тимот на Балдони, со што се става крај на долготрајниот јавен и правен конфликт, пренесува Би-би-си.

Во заедничка изјава, двете страни наведоа дека процесот на снимање бил обележан со тензии, предизвици и несогласувања. Сепак, и покрај постигнатиот компромис, ниту Лајвли ниту Балдони не упатија извинување, ниту прифатија одговорност за изнесените обвинувања.

Спорот датира од крајот на 2024 година, кога Лајвли поднесе тужба против Балдони, обвинувајќи го за несоодветно однесување на сетот на филмот Ова завршува со нас. Во меѓувреме, судот отфрли значаен дел од нејзините наводи, меѓу кои и тие за сексуално вознемирување. Паралелно, Балдони возврати со тужба за клевета против Лајвли и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс, но и таа постапка беше отфрлена.

Филмската адаптација на романот на Колин Хувер постигна значителен комерцијален успех во 2024 година, но неговата промоција беше засенета од нарушените односи меѓу главните актери. Со најновиот договор, двете страни изразија очекување дека ќе ја затворат оваа фаза и ќе продолжат понатаму без дополнителни конфликти.

Слични објави

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Нова едукативна програма за трудници

Еспресо

Снежана Ѓуришиќ искрено за најтешкиот период во животот: „По смртта на сопругот се повлеков од сите, а мир пронајдов во молитвата и разговорот“

Е.А.

(Фото) Како актерките од стариот Холивуд: Бергузар Корел блесна во кадифен фустан и рубини

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Неда Украден во домашно издание без шминка: „Најголема радост е со љубов да се подготви трпеза за најблиските“

Е.А.
Се вчитува....