6.8 C
Скопје
08:28 - 31 март, 2026

Кому останува замокот по разводот на Драгана Мирковиќ: Детали за поделба на огромниот имот

Регионалната музичка ѕвезда Драгана Мирковиќ поднесе барање за развод.

Пејачката и Тони Бијелиќ се разделуваат по 24 години брак, а јавноста остана шокирана од веста.

Драгана често се наоѓа на листите на една од најбогатите јавни личности од овие простори. За богатството на Драгана често се пишува, додека Тони, како што сега веќе на големо се шпекулира, решил да ѝ го остави замокот по пропаѓањето на бракот. Со истиот тој замок Драгана се фалеше низ годиниве преку фотосесии на социјалните мрежи.

Прекрасниот замок Ебенфурт вреди цело богатство, а пејачката со голема љубов и грижа се грижела за секој детал.

На крајот на октомври минатата година таа ги отвори вратите од нејзиниот замок за српски Курир.

– Има и огромни сали кои зафаќаат цело крило, а некои дури и две. На вториот кат, во делот на замокот каде што планираме да живееме, има голема сала за бал. Сакаме дел од првиот кат да го претвориме во музеј и да го отвориме за посетители и училишни екскурзии, но немаме намера да наплаќаме влез. Неопходна е и реставрација на сликата на таванот, за што е потребно време, за што ќе бидат задолжени вистински уметници – изјавила тогаш Драгана.

Значајни извори на приход на досегашната двојка биле оние што тие ги создале преку заеднички деловни потфати. На прво место, тоа е телевизијата со која, засега, раководи пејачката.

Инаку, во соопштението за деталите од разводот, Драгана Мирковиќ изјавила дека таа и Тони веќе подолго време живеат одвоени животи, а како што дознаваат српските медиуми речиси една година не се ни под ист покрив.

(Фото) Ѕирнете во капелата во замокот на Драгана Мирковиќ: Царицата Марија Терезија се молела таму

 

Слични објави

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо
Се вчитува....