5.8 C
Скопје
05:37 - 1 април, 2026

Компанијата „Џонсон и Џонсон“ е спремна да плати 8,9 милијарди долари отштета по тужбите дека детската пудра предизвикува рак

„Џонсон и Џонсон“ (Johnson & Johnson J&J) се согласи да плати 8,9 милијарди долари за да реши десетици илјади судски процеси во кои се тврди дека талкот во пудрата за бебиња и другите производи предизвикуваат рак.

J&J тврди дека производите од талк се безбедни и не предизвикуваат рак. Адвокатите на компанијата рекоа дека тврдењата за талк немаат научна основа и ги обвинија тужителите дека бараат голема финансиска добивка.

Компанијата соопшти дека нејзината подружница LTL Management LLC повторно поднела барање за заштита на доверителите за да добие судско одобрение за план за деловна реорганизација што ќе ги реши сите побарувања од парницата за пудрата на база на талк.

Тужителите тврдат дека поради употреба на талк добиле рак на репродуктивните органи и мезотелиом.

„Џонсон и Џонсон“ во 2020 година соопшти дека ќе престане да продава детска пудра од талк во САД и Канада поради, како што рече, „дезинформации“ за производот, а потоа објави дека ќе го повлече од пазарот ширум светот во 2023 година.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....