18.8 C
Скопје
12:58 - 22 октомври, 2026

(Фото) Жерар Пике ја бакнува Клара Чиа истиот ден кога Шакира ја напуштија Барселона: Сега се слободни во љубовта

Поранешниот фудбалер се послободно ја покажува љубовта кон новата партнерка.

Откако Шакира минатата недела конечно ја напушти Барселона за да го започне новиот живот со своите деца во Мајами, Жерар Пике остана сам во шпанскиот град со својата партнерка Клара Чиа.

И сега, екс-фудбалерот се чини дека ја живее својата врска со 23-годишната девојка прилично послободно.

Истиот ден кога Шакира, со децата Милан и Саша ја напуштија Шпанија со приватен авион за Мајами, Пике беше фатен од папараците на шпанското списание „Диез Минутос“ како се бакнува со Клара Чиа во Андора.

Во Андора биле во друштво на родителите на Жерард за да присуствуваат на натпреварот помеѓу Андора и Малага.

На фотографијата која се појавува на насловната страница на списанието и двајцата се облечени во црно и се гледа како се бакнуваат.

Двојката продолжува да покажува дека нивната врска оди добро, и дека станува се поцврста.

Шпанската La Vanguardia објави дека Пике очигледно ја пронашол љубовта и стабилноста што ги барал со Клара, со која има врска што е можно поприродна и надвор од очите на новинарите,  поради нејзиниот значително помал медиумски профил од оној на Шакира.

Слични објави

„Свирете ја Зајди, зајди“ – песната со која Олгица Христовска ги освои срцата на публиката

Т.Ц.

Емотивна исповед на Марија Шерифовиќ од Бали: „Ова патување ми покажа дека сè за што трчам веќе ме чека дома“

Е.А.

(Фото) Хрватската актерка Миа Беговиќ се огласи по свадбата на нејзината внука Лана: „Ве прегрнувам со гордост, во име на Ена и мое“

Еспресо

(Фото) Откако тајно се венчаа по 12 години љубов, Реља откри дали Николија го земала неговото презиме

К.С.

(Фото) Ирена Спировска во златен фустан на свадбена прослава — водителката позираше покрај саканиот Душко

К.С.

Хороскоп за 22 октомври: Скорпиите ќе бидат расположени, Јарците ги очекува средба со најблиските

Еспресо
Се вчитува....