21.8 C
Скопје
15:06 - 22 октомври, 2026

Пејачот Милан Станковиќ донесе конечна одлука – се откажа од блескавата сцена за нов искушенички живот

Пејачот Милан Станковиќ дефинитивно се повлекува од музичката сцена и утеха и нова љубов пронајде во монашкиот живот.Тој планира да стане искушеник на голем православен празник во манастирот Подмаине во Будва.

Станковиќ токму на манастирската слава на 28 август ќе добие благослов за почеток кон икушеничкиот живот, пишуваат српските медиуми.

Според обичаите и редот во манастирот пејачот ќе облече мантија, повеќе нема да носи конвенционална облека, а колку ќе трае процесот зависи од одлуката на игуменот на манастирот.

Станковиќ е српски кантавтор. Тој се прослави како финалист на телевизискиот пеачки натпревар „Ѕвездите на Гранд“ во 2007 година.

Пејачот стекна поширока слава претставувајќи ја Србија на Евровизија 2010 година во Осло, Норвешка со „Ovo je Balkan“, каде што заврши на 13-то место.

 

 

Слични објави

Јаков Јозиновиќ отворено за восхитувањето кон Чолиќ и Мерлин и за познанството со Џејла Рамовиќ: „Таа прва ми пријде“

Е.А.

Познатата хрватска водителка доживеа сообраќајна несреќа, шест автомобили учествувале во судирот

apostolova

„Среќен роденден на небото, мамо“: Маја Вукичевиќ со емотивна посвета за починатата мајка

Еспресо

„Свирете ја Зајди, зајди“ – песната со која Олгица Христовска ги освои срцата на публиката

Т.Ц.

Емотивна исповед на Марија Шерифовиќ од Бали: „Ова патување ми покажа дека сè за што трчам веќе ме чека дома“

Е.А.

(Фото) Хрватската актерка Миа Беговиќ се огласи по свадбата на нејзината внука Лана: „Ве прегрнувам со гордост, во име на Ена и мое“

Еспресо
Се вчитува....