10.8 C
Скопје
19:01 - 14 март, 2026

Колку вкупно чинеше Задруга? 18 милиони евра само дел од една сезона!

Веста за затворањето на „Задруга 6“ ги изненади фановите на популарното реално шоу кое се емитуваше долго време на српската телевизија Пинк, а во оваа прилика се огласија и Жељко и Милица Митровиќ.

Жељко го послуша Вучиќ

-По препорака на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, донесов одлука да го откажам реалното шоу „Задруга“ во најкус можен рок, не подолго од десет дена. Верувам дека единството на Србија и оценката на претседателот на Републиката е поважна од секаков вид на интерес на Пинк и мојот личен интерес!, рече Жељко.

Жељко Митровиќ за време на суперфиналната вечер на „Задруге 1“ објави дека реалното шоу освои престижни награди.

– Со гордост објавуваме дека денеска во 16 часот во Будимпешта, каде што се одржува фестивалот НАТПЕ, тричленото жири одлучи на реалното шоу „Задруга“, поточно на компанијата „Пинк медиа груп“, да додели прва награда за најдобра продукција и второ место за најиновативен формат во светот.

Објавата за укинување на Задруга ги растажи бројните фанови на реалното шоу кое Жељко Митровиќ и неговата сопруга Милица Митровиќ заедно го создадоа и во кое вложија неверојатна сума пари!

принтскрин

Сопственикот на ТВ Пинк откри дека во втората сезона вложил дури 18 милиони евра, а како што се шпекулира, во шестата сезона е вложена многу поголема сума.

Јутјуб каналот на кој се поставени дури 146.000 снимки е еден од најсилните во регионот и има 2,18 милиони следбеници, а бројот на прегледи достигнува неверојатни 12.041.382.962.

За шест години низ „Задруга“ поминаа бројни учесници. Иако не останаа сите запаметени, повеќе од 400 луѓе добија шанса да се натпреваруваат!

Пинк одвои дури 300.000 евра за победниците од сите сезони, не сметајќи ги нивните хонорари.

Без разлика на несомнено големиот профит, „Задруга“ си го дочека крајот, а дали од септември ќе стартуваат некои нови реални шоуа, останува да видиме.

Слични објави

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо

Една чаша пред спиење ја елиминира можноста од срцев удар – Кога и колку вода да пиете за организмот да ви функционира совршено

Еспресо

Традиционален македонски рецепт за Јогурт чорба со месо и зеленчук

Еспресо

Евровизиските обложувалници веќе ги откриваат првите фаворити за победа на Евровизија 2026

Еспресо

Дакота Џонсон во љубовен триаголник со Педро Паскал и Крис Еванс: Дали ова е романтичниот филм на годината?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ стана баба: Има само 35 години, а веќе ја доби оваа улога – „Ти благодарам, Боже, пристигна Миња“

Еспресо
Се вчитува....