-0.2 C
Скопје
10:10 - 23 декември, 2024

Колку „тежи“ Роберто Кавали и каде ќе оди богатството: Вила од соништата, јахта, зграда во Дубаи…

Светки познатиот моден дизајнер Роберто Кавали почина на 12 април 2024 година, на 83-годишна возраст. Но, колку изнесува богатството на познатиот дизајнер што го остави зад себе?

Кавали пред смртта, веќе извесно време бил болен од болест која не е позната на јавноста. Дизајнерот зад себе остава шест деца. Неговото последно дете се роди минатата година, на 8 март 2023 година, од врската со моделката Сандра Нилсон.

Кавали беше сопственик на бројни награди и признанија во текот на неговата долга и блескава кариера како моден дизајнер, а тој ги искористи и важните соработки со најдобрите модни куќи, меѓу кои и со Пјер Карден, Хермес и многу други значајни имиња.

Дизајнерот успеа да постигне вистински влијателен успех на меѓународно ниво, толку многу што неговата материјална вредност се проценува дека е многу висока.

Врвот на неговиот успех го достигна меѓу 90-тите и првите години на новиот милениум. Во 2015 година, сепак, тој одлучи да ја продаде компанијата. До 2015 година неговиот имот изнесувал околу 210 милиони евра приходи. Многу високи суми, кои во претходните години беа уште повисоки, проценети на околу 500 милиони евра.

Куќата на Роберто Кавали е раскошен имот од соништата, кој се наоѓа на 15 минути од Фиренца, во прекрасното зеленило на Тоскана. Тоа не е вила како сите други вили на богаташи, бидејќи е навистина претставува средба со бои, форми и чиста уметност. Станува збор за имот кој се простира на 36 хектари, и ја вклучува главната куќа, внатрешни и надворешни базени, винарска визба, подлога за хеликоптери и многу повеќе.

Роберто Кавали отсекогаш ја сакал Фиренца и често ја исповедувал оваа љубов велејќи дека овој град и уметноста воопшто се негов нераскинлив дел. Но, љубовта на познатиот дизајнер не била само кон неговата вила, неговата модна куќа и сето она на што вложил максимални напори, туку имал страст и за јахтите. Меѓу нив, една од најпознатите што ги поседува е јахтата Freedom, долга 28 метри, изработен од алуминиум наменета за секакви временски услови. Самиот Кавали беше одговорен за координирање на декорацијата на оваа јахта, изборот на ткаенини, мебелот, додатоците и се останато.

Откако ја продаде компанијата, Роберто Кавали имаше уште еден предизвик во 2019 година, бидејќи имотот беше купен од арапски фонд кој, покрај модниот сектор, одлучи да го прошири брендот Кавали и во други сектори, како што е недвижен имот. Така тој стана акционер и еден од косопствениците на гигантската кула Кавали која во 2021 година се изгради во Дубаи.

Во негова сопственост остана и прочуеното миланско кафуле Џаст Кавали, уредено секако во лускузен кавали стил.

Тестаментот на Кавали, за сега не е соопштен, и засега се шпекулира дека добар дел од богатството ќе припадне на неговата последна партнерка, Сандра Бергман Нилсон, 38-годишна поранешна Мис Шведска, од него помлада речиси 50 години. Сандра минатата година му го роди шестото дете на славниот моден дизајнер, а со неа беше во врска до неговата смрт, односно последните 15 години од животот.

Секако, за сега се претпоставува дека сите негови шест деца ќе добијат еднакво наследство од милијардерот.

Слични објави

Александра Пријовиќ го прекина последниот концерт: Свекрвата Зорица, во солзи, целосно скршена

Еспресо

(Фото) Ништо од венчавката вредна 600 милиони долари! Џеф Безос ја демантираше свадбата во Аспен, сè е лага! 

Еспресо

Хороскоп за 23 декември: Вагите ќе имаат љубовни проблеми, Скорпиите ќе бидат под тежок стрес

Еспресо

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо
Се вчитува....