07:09 - 10 јануари, 2026

Колку плаќа Трамп, а колку „обичниот смртник“ за лекување од ковид-19?

Претседателот Доналд Трамп е меѓу милионите Американци кои беа позитивни на ковид-19. Неговиот тридневен престој во болница, што вклучуваше дополнителни тестови за присуство на вирусот, екстра кислород, експериментален третман со антитела, неколку лекови и две возења со хеликоптер, веројатно чинеа повеќе од 100.000 американски долари, проценува „Њујорк Тајмс“.

Меѓутоа, разликата е во тоа што здравствената заштита за Трамп, како претседател, е бесплатна и финансирана од средства на даночните обврзници.

Фото: EPA-EFE/Yuri Gripas / POOL

Првиот третман што го доби, односно Регенеровиот коктел со моноклонски антитела, е експериментален и натаму е во клинички испитувања. Бидејќи сè уште не е одобрен, нема наплата, но затоа просечниот Американец нема пристап до него.

Трамп, исто така, доби и Ремдесивир, антивирусен лек што првично беше развиен за лекување на ебола. Петдневен третман со него чини 3.120 долари со приватно осигурување, плус сите болнички трошоци за примена на лекот. Додека беше во болнички кревет, американскиот претседател примаше и Дексаметазон, евтин стероид што во просек чини 18,53 долари.

Најголема ставка во трошоците за лекување на Трамп, се чини, беше транспортот со хеликоптер од и до Белата куќа. Иако просечен пациент со ковид-19 не би требало да се превезува до болница со хеликоптер, како што прави претседателот на САД од безбедносни причини, медицинските возења со хеликоптер чинат меѓу 30.000 и 40.000 американски долари, според студијата на Универзитетот „Џон Хопкинс“.

Фото: EPA-EFE/Yuri Gripas / POOL

За просечниот граѓанин на САД, само дијагностичкиот тест за ковид-19 чини 100 долари, иако во некои случаи се наплатува и до 1.000 за брис. Секоја ноќ мината во болница може да чини и повече од 1.000 долари, сума на која се додаваат и трошоците за лекарства, услугата на болничкиот персонал, а во потешки случаи и потребата за операција, за респиратор и опоравување од ковид-19, испорачаната сметка за пациентот е околу 60.000 долари.

Иако точните трошоци се разликуваат во зависност од болницата, државата и видот на осигурување, дури и оние со осигурување плаќаат во просек по 31.575 американски долари, наведува „Фер Хелт“ (FAIR Health).

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....