6.8 C
Скопје
19:06 - 19 февруари, 2026

Колку чини да го изнајмите Роналдо на два-три часа: Еве колку би го платиле дружењето со најпознатиот фудбалер во светот

Роналдо несомнено е најплатениот фудбалер во светот откако потпиша договор со „Ал Наср“ вреден 200 милиони евра годишно. Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид целосно го трансформираше начинот на кој жителите на Блискиот Исток гледаат на фудбалот од неговото доаѓање. Моментално заработува 580.000 евра дневно, а за да се дружите со славниот Португалец – треба да платите. Новинарите на германскиот весник „Дер Шпигел“ открија колку чини да се изнајми Роналдо на неколку часа. Тие наведуваат дека „Мобили“, саудиската телекомуникациска компанија направила договор со компанијата задолжена за правата и застапништвото на Роналдо, според кој компанијата го изнајмила Роналдо на четири ипол часа. За време на тој период, спортистот се фотографирал, потпишувал дресови и направил две објави на социјалните мрежи. Услугата чинела два милиони евра.

инстаграм

Откако се преселил во Ријад, Роналдо и неговата придружба, вклучувајќи го семејството и пријателите, вработените и обезбедувањето, се сместиле во хотелот „Фор Сизн“ каде изнајмиле 17 соби. Според медиумите, Роналдо плаќал 280.000 евра месечно за хотелот, но тој и неговиот тим подоцна се преселиле во ексклузивен комплекс со силно обезбедување и лесен пристап до ресторани, продавници, спортски сали и други содржини.

Слични објави

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Естетска корекција на уши

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо
Се вчитува....